Вчера утрото околу 07:30 часот во село Василево, струмичко, Г.Ц.(64) од Василево, управувајќи товарно возило „Форд Транзит“ со струмички регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото, излетал од патот и удрил во ограда. Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт кај возачот, кому му се слошило и починал пред ударот, информираат од СВР Струмица.
Увид на местото извршила екипа на Полициска станица Струмица.