А.Р. од Струмица вчера во Полициска станица Струмица пријавил дека од неговиот дом исчезнале пари, 8.000 евра во апоени од по 50 и 100 евра.
По преземени мерки и активности на полициски службеници, денеска биле спроведени разговори со повеќе лица, при што било утврдено дека кражбата ја извршил неговиот син, М.Р. Во разговор со полицијата, тој го признал делото и изјавил дека потрошил 4.600 евра, додека останатите 3.400 евра ги сокрил во фиока од плакарот во неговата соба.
Случајот е целосно документиран и ќе биде доставен до Основното Јавно обвинителство во Струмица за понатамошна постапка.