Од СВР Струмица информираат дека синоќа во 23:40 часот во село Просениково, струмичко, полициски службеници го лишиле од слобода О.Т.(58) од Просениково. При преглед кај него, а подоцна и во неговиот дом била пронајдена марихуана.
Лицето било задржано во Полициската станица Струмица, за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното Јавно обвинителство Струмица. По целосно расчистување на случајот против О.Т. ќе биде поднесена соодветна пријава.