Доцна синоќа во 00:50 часот на потегот помеѓу селата Свидовица и Куклиш полициски службеници од РЦ за ГР Исток го лишиле од слобода А.Д.(63) од Струмица. Тој бил затекнат со група од 11 лица мигранти (5 од Индија и 6 од Непал), кои ќе бидат пренесени во Прифатно-транзитен центар Гевгелија.
За случајот бил известен Јавен обвинител, а приведениот, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело по член 418-б, бил задржан во Полициска станица за понатамошна постапка. По документирање на случајот против А.Д. ќе биде поднесена соодветна пријава.