Доцна синоќа во 02:50 часот полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица го лишиле од слобода Т.М.(44) од Струмица, кој околу 01:50 часот во продавница (тобако) во Струмица со закана одзел пари од дневниот промет од вработената. Кај Т.М. биле пронајдени парите, како и предмети поврзани со кривичното дело. Тој е задржан во Полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.