Доцна синоќа во 00:30 часот во село Баница, струмичко, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица го лишиле од слобода Т.М.(37) од село Баница. Тој се сомничи дека околу полноќ физички нападнал едно лице од Струмица и му одзел личен предмет. Т.М. при лишувањето се однесувал агресивно кон полициските службеници. Одземеното било вратено на сопственикот. Т.М. бил задржан во Полициската станица Струмица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Струмица.