Синоќа во 23:40 часот во село Ангелци, струмичко, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода Д.П.(22) од село Ангелци. Тој бил осуден на три години и шест месеци казна затвор за сторени кривични дела „разбојништво“ и „тешка кражба“, а било баран по потерница за доиздржување на три години и два месеци од казната. Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа „Затвор Струмица“ за доиздржување на казната.