Вчера полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода Г.К.(40) од Струмица. Тој се сомничи дека во текот на денот извршил тешка кражба, при што од возилото на Д.Н. одзел паричник, информираат од струмичката полиција.
Кај него бил пронајден паричникот, а биле пронајдени и предмети кои потекнуваат од тешка кражба во здравствена установа во село Водоча, струмичко и тешка кражба, при што од Б.Ц. одзел личен предмет.
Пронајдените предмети биле вратени на сопствениците, а лицето било задржано во Полициска станица и со него бил извршен службен разговор. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава, стои во соопштението од СВР Струмица.