СВР Струмица информира дека вчера во 10:00 часот, полициски службеници го лишиле од слобода Г.П.(40) од Струмица. Тој се сомничи дека ноќта на 30/31 мај извршил четири кривични дела „тешка кражба“ во автомобил и апарати за кафе во Струмица, при што одзел пари и други предмети.
При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени дел од предметите и алат кој го употребувал при вршење на делата.
Лицето било задржано во Полициска станица и по целосно документирање на случаите против него ќе биде поднесена соодветна пријава.