Во текот на вчерашниот ден во село Баница, струмичко, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода Е.Х.(32) од Скопје.
Тој бил баран по централна потерница врз основа на наредба од Основен кривичен суд Скопје за издржување казна затвор од 3 години за сторено кривично дело „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик, информираат од МВР.
Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа „Затвор Скопје“ за издржување на казната.