СВР Струмица информира дека синоќа во 23:30 часот полициски службеници го лишиле од слобода Н.Р.(30) од Струмица, кај кого при преглед биле пронајдени предмети кои потекнуваат од тешка кражба во возило, извршена на подрачјето на Струмица. Лицето е задржано во Полициска станица Струмица, за настанот е запознаен Јавен обвинител од Основното Јавно обвинителство Струмица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.