Вчера во 18:25 часот, полициски службеници од СВР Струмица лишиле од слобода 53-годишно лице од струмичко, кој се сомничи дека околу 11:30 часот во подрумски простории на станбена зграда во Струмица извршил обљуба врз малолетник од Струмица со пречки во развојот, информираат од струмичката полиција.
Лицето било задржано во Полициската станица Струмица и за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното Јавно обвинителство Струмица. По документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.