Вчера во 19:40 часот во Струмица полициски службеници лишиле од слобода 23-годишно момче од Струмица, затоа што при преглед кај него била пронајдена марихуана. За настанот бил известен јавен обвинител од Основното Јавно обвинителство Струмица и по документирање на случајот против момчето ќе биде поднесена соодветна пријава.