Утрово во 05:20 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода А.Т.(21) од Струмица затоа што околу 04:30 часот на крстосница од улицата „Киро Абрашев“ со „Димитар Цветинов“ во Струмица со остар предмет му нанел повреда на Ј.К.(29) од Струмица. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од струмичката полиција.