Синоќа во 21:30 часот во Струмица, полициски службеници го лишиле од слободата С.А.(20) од Струмица. Тој бил затекнат во моментот кога вршел „тешка кражба“ во кругот на Автобуската станица во Струмица.
За настанот бил известен јавен обвинител од Основното Јавно обвинителство Струмица, а по документирање на случајот, против момчето ќе биде поднесена соодветна пријава.