Струмичката полиција информира дека вчера во 14:00 часот во Струмица полициски службеници од СВР Струмица ги лишиле од слобода Ф.А.(27) од село Банско, струмичко и З.Ј.(24) и Ш.Т.(20) од Струмица. При преглед, кај Ш.Т. била пронајдена марихуана. За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното Јавно обвинителство Струмица, а по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
 
 
                                 
 
 
		    
 
                                











 
	 
	 
	 
	 
	 
	 
	 
	 
	 
	

















 
								