Синоќа во 00:30 часот во Струмица, полициски службенници од Секторот за внатрешни работи Струмица лишиле од слобода 28-годишник од Струмица. Тој претходно бил забележан како на локација во Струмица остава пакување со кокаин, кое било пронајдено од полициски службеници. Во службениот разговор во Полициската станица тој го признал делото. Истата вечер во 01:30 часот полициски службеници лишиле од слобода уште двајца струмичани на возраст од 21 година, затоа што кај нив била пронајдена и одземена марихуана, информираат од струмичката полиција. За овие два случаи е запознаен Јавен обвинител од Основното Јавно обвинителство Струмица и по негово документирање против тројцата струмичани ќе биде поднесена соодветна пријава.