Од струмичката полиција информираат дека синоќа во 22:30 часот во Струмица, полициски службеници ги лишиле од слобода Н.М.(25), Џ.Е.(23) и Ш.А.(30), сите од село Банско, струмичко. При преглед на нив и на возилото „Ауди“ со струмички регистарски ознаки, во кое се превезувале, кај едното лице Ш.А., била пронајдена марихуана.
За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица, а по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.