Вчера во 14:00 часот полициски службеници од СВР Струмица ги лишиле од слобода Ф.А.(20) и уште двајца малолетници од село Банско, струмичко. Тројцата биле затекнати на место викано „Габровски пат“, атар на село Банско, на планината Беласица како со моторна пила вршат пустошење на шума, информираат од струмичката полиција.
Од страна на Шумската полиција затекнатите исечени дрва биле одземени и пренесени во складот на ЈП Национални шуми, Подружница Беласица – Струмица. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.