Вчера во 14:00 часот и утрово во 04:30 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица ги лишиле од слобода Ј.Д.(31) од Струмица и С.Д.(50) од Три Води, струмичко. Тие се сомничат дека на 19.06.2023 околу 05:00 часот со употреба на сила и тврди предмети влегле во куќата на С.Н.(64) од Три Води, физички го нападнале и му одзеле пари, информираат од СВР Струмица. Двајцата биле задржани во Полициска станица и со нив бил извршен службен разговор. За настанот бил запознаен јавен обвинител и по негово документирање ќе биде поднесена соодветна пријава.