Вчера во Струмица, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица ги лишија од слобода Д.К.(20) и Џ.И.(25), двајцата од Струмица.
Тие се сомничат дека во саботата во Струмица со употреба на сила одзеле личен предмет од едно лице. Предметот е пронајден и вратен на сопственикот, а лицата се задржани во Полициска станица Струмица и за настанот е запознаен Јавен обвинител од Основното Јавно обвинителство Струмица.