среда, 10 септември 2025
almak
No Result
View All Result
Radio StrumicaNet
No Result
View All Result
Home Вести

Претседателот Стево Пендаровски во посета на Ново Село, се обрати на „Форум во заедницата“

понеделник, 10 април, 2023 | 17:57
in Вести, Ново Село
Претседателот Стево Пендаровски во посета на Ново Село, се обрати на „Форум во заедницата“
Претседателот Стево Пендаровски во посета на Ново Село, се обрати на „Форум во заедницата“
Претседателот Стево Пендаровски во посета на Ново Село, се обрати на „Форум во заедницата“
Претседателот Стево Пендаровски во посета на Ново Село, се обрати на „Форум во заедницата“
Претседателот Стево Пендаровски во посета на Ново Село, се обрати на „Форум во заедницата“

Претседателот Стево Пендаровски денеска беше во посета и на Ново Село, каде му беше претставен концептот „Форум во заедницата“, како втора фаза од проектот „Зајакнување на општинските совети“.

Станува збор за проект чија цел е поголемо учество на граѓаните во процесите на одлучување во својата општина, подобрување на системот на локалната власт и севкупните услови за живот во локалните заедници, преку подобрување на законодавството и политиките, дигитализацијата на услугите, зголемената транспарентност и намалени можности за корупција.

Жителите на општина Ново Село денеска претставија шест проекти од областа на комуналната инфраструктура, од коишто самостојно ќе изберат еден кој ќе биде реализиран во нивната општина.

Претседателот Пендаровски изрази поддршка за проектот и посочи дека непосредното учество на граѓаните во процесите на одлучување во општините и политиките кои директно ги засегаат, придонесува за јакнење на локалната демократија.   

„Учеството на граѓаните во процесот на одлучување во нивните општини е клучно за развојот на демократијата на локално ниво и преставува најдобар начин за канализирање на потребите и желбите на граѓаните. Или како што се вели – ништо за граѓаните, без граѓаните.  Нема реален напредок, без локален напредок. Без учество на граѓаните, најпрво во своите заедници, а понатаму и во пошироките општествени процеси, не можеме да зборуваме за демократија и развиена граѓанска држава. Ако процесите не почнуваат од долу кон горе, од основата кон врвот, тогаш е јасно дека политичарите не можат да направат никаква промена затоа што ќе ја немаат поддршката од граѓаните”, истакна во обраќањето претседателот Пендаровски, потенцирајќи ја важноста од вклучување и учество на младите во овие процеси.

Проектот се спроведува во десет општини и е финансиран од швајцарската Влада и Министерството за локална самоуправа, а е кофинансиран и имплементиран од Програмата за развој на Обединетите нации – УНДП.

На настанот се обратија и градоначалникот на општина Ново Село, Ѓорѓе Божинов, постојаниот претставник на УНДП во земјава, Армен Григорјан и швајцарската амбасадорка, Вероник Улман.

ShareTweetShare
Previous Post

Министерката Јована Тренчевска се сретна со градоначалникот на општина Василево, ја посети и новата Детска градинка во Ангелци која чека согласност да почне со работа

Next Post

Градоначалникот Костадинов си доби големо Велигденско јајце од ученици во „Видое Подгорец“

Related Posts

Во Струмица ќе се одржи панел дискусија на тема „Европска иднина за Југоистокот – земјоделство и улогата на заедницата“
Вести

Во Струмица ќе се одржи панел дискусија на тема „Европска иднина за Југоистокот – земјоделство и улогата на заедницата“

вторник, 9 септември, 2025 | 15:53
На булеварот „Гоце Делчев“ во Струмица се пукало со огнено оружје – кој пукал?
Вести

Полицијата уапси 39-годишен маж, извршил обљуба врз 32-годишна жена од Струмица

вторник, 9 септември, 2025 | 14:11
Александра Јанева со нова верзија на безвременската „Ми подаваш рака” од Даниела Панчетовиќ
Вести

Александра Јанева со нова верзија на безвременската „Ми подаваш рака” од Даниела Панчетовиќ

вторник, 9 септември, 2025 | 12:13
Стартува 33-то издание на ФКТ „Ристо Шишков“
Вести

Почна 33-то издание на ФКТ „Ристо Шишков“

вторник, 9 септември, 2025 | 08:09
Даскаловски: Независноста не е завршен чин, туку трајна обврска
Вести

Даскаловски: Независноста не е завршен чин, туку трајна обврска

понеделник, 8 септември, 2025 | 18:31
Вести

Приведен струмичанец кај него пронајдена марихуана

понеделник, 8 септември, 2025 | 14:38

ТОП ВЕСТИ

Почна 33-то издание на ФКТ „Ристо Шишков“
Даскаловски: Независноста не е завршен чин, туку трајна обврска
Никола Маџиров лауреат на 17-та меѓународна награда за поезија „Поезија и луѓе“ во кинескиот град Гуангџоу

ВЕБ БИЛБОРД

Бутик од Струмица има потреба од работничка Бутик од Струмица има потреба од работничка
Специјалист логопед нуди логопедски прегледи и терапии во домашни услови Специјалист логопед нуди логопедски прегледи и терапии во домашни услови
МЛЕКАРА ЈОКА ВРАБОТУВА ОПЕРАТОР НА МАШИНИ ВО СТРУМИЦА МЛЕКАРА ЈОКА ВРАБОТУВА ОПЕРАТОР НА МАШИНИ ВО СТРУМИЦА
Млекара ЈОКА вработува! Млекара ЈОКА вработува!
Се издава наместена гарсоњера со тераса Се издава наместена гарсоњера со тераса
Рафинеријата за масло „ОСТРОГ ЛУНА“ вработува 10 работници Рафинеријата за масло „ОСТРОГ ЛУНА“ вработува 10 работници
Се продава мал двособен стан во центарот на Струмица Се продава мал двособен стан во центарот на Струмица
Поправка на сите видови фриждери, клими и комори Поправка на сите видови фриждери, клими и комори
Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар
Фирмата „Амбалажни сервис“ има потреба од работници Фирмата „Амбалажни сервис“ има потреба од работници

ВЕСТИ од Македонија

Забраната за движење низ шумите продолжена до 30 септември

Онлајн закажување термин за фотографирање за лични документи

Апел до граѓаните да не отвораат линкови од СМС пораки

НАЈАВА

Репертоар на 33. ФКТ „Ристо Шишков“ од 8 до 13 септември
На 3-ти септември хуманитарен концерт за помош на малата Тијана
Пазарот во Ново Село наместо во четврток ќе биде отворен во среда
Во вторник премиера на „Стјуардеси“ – парите од продажбата на билети ќе бидат донирани за 9-годишната Тијана
Вечерва „финале со мозаик од емоции“ – Завршува 14-то издание на „Струмица Опен Фестивал“

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ
Адреса: „Бел камен” бр. 12
2400 Струмица, Македонија
Жиро сметка: 300030000159066
Комерцијална Банка

Радио СтрумицаНет  е членка на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), со што целосно се залага за почитувањето на етиката и професионалните стандарди во известувањето. СЕММ е тело за саморегулација во медиумите и е орган што ги разгледува и одлучува по жалбите во однос на известувањето на медиумите.

©2009-2023. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | Контакт: 074 20 50 50, е-маил: [email protected] | Создадена од: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Вести
  • Струмица
  • Василево
  • Босилово
  • Ново Село
  • Флеш вести
  • Магазин
  • Видео

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ ул : Бел камен бр 12 2400 Струмица
Жиро сметка : 30003000159066 Комерцијална Банка ©2009 - 2022

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist