Вчера, 29 јуни во 01:10 часот во Струмица полициски службеници од СВР Струмица лишиле од слобода 18-годишно момче од село Добрејци, струмичко. При преглед кај него била пронајдена марихуана, а потоа, врз основа на судска наредба, бил извршен и претрес во неговиот дом, при што во дворното место биле пронајдени 19 стебла канабис.
Момчето е задржано во Полициската станица Струмица, а за настанот е запознаен јавен обвинител од Основното Јавно обвинителство Струмица. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.