Од Општина Струмица ги известуваат граѓаните и учесниците во сообраќајот дека поради вршење на градежни работи на крстосницата на улицата „24 Октомври“ и улицата „Братство Единство“ во градот Струмица, ќе има пренасочување на сообраќајот.
Апелирааат до граѓаните за разбирање, трпеливост и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.