Вечерва Центарот за култура „Антон Панов“ во Струмица беше полн со народ, се слушаше добра музика и уживање на сценски изведби од млади актери. Премиерна изведба на мјузикл претставата „МАММА МИА“ во режија на младата актерка Танкица Стојанова, а во изведба на средношколци, членови на Драмското ателје на училиштето „Димитар Влахов“ во Струмица, под менторство на професорката по македонски јазик Олга Хаџиева. Дел од претставата беа и членови на танцово студио „One Way“ од Струмица.