недела, 7 декември 2025
almak
No Result
View All Result
Radio StrumicaNet
No Result
View All Result
almak
Home Вести

Преку ИПАРД набавив нов трактор – аплицирав сам без консултанти и чекав долго но вредеше, вели Александар Гугуљанов од струмичко Муртино

среда, 15 октомври, 2025 | 08:11
in Вести, Струмица
Преку ИПАРД набавив нов трактор – аплицирав сам без консултанти и чекав долго но вредеше, вели Александар Гугуљанов од струмичко Муртино

Гугуљанов од Муртино кој произведува околу 130 тони зеленчук, во 2020 решил да ја искористи можноста на ИПАРД

Александар Гугуљанов од струмичкото село Муртино цел живот се занимава со земјоделство. Почнал уште како дете, заедно со своите родители, а денес тој и неговата сопруга самостојно го водат семејното стопанство. Обработуваат околу 30 декари земја, а производството им е насочено кон пролетна зелка и куртовска капија или популарната црвена пиперка ајварка.

„Имаме околу 80 пластеници со зелка и исто толку со пиперка. Годишно произведуваме околу 80 тони пиперка и 40 до 50 тони зелка“ – раскажува Александар.

Во 2020 година, решил да ја искористи можноста што ја нуди ИПАРД програмата и да вложи во нов трактор. Вели дека информациите за програмата ги добил во Подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во Струмица, по што решил да аплицира.

„Мерката ми изгледаше примамливо. Сакавме да инвестираме во подобра механизација, затоа што со старата опрема производството е потешко и побавно“, вели тој.

Александар аплицирал сам, без да користи консултантски услуги.

„Сè си собрав сам. Единствена помош добив од вработените во Агенцијата за поддршка и развој на земјоделството. Многу ми помогнаа, ми објаснија што точно треба и како да ја подготвам документацијата“, објаснува тој.

Од аплицирањето до добивањето на решението поминала речиси една година.

„Процедурата е долга, не е баш едноставна. Треба време да се соберат сите документи, а потоа и самото чекање трае. Но, на крајот се исплати“, вели Александар.

Александар аплицирал сам, без да користи консултантски услуги

Купување со сопствени средства, па чекање за поврат

Вкупната вредност на тракторот била околу 8.200 евра. Според условите на ИПАРД програмата, Александар прво морал сам да ја покрие целата инвестиција, а потоа да добие поврат на 40% од средствата.

„Јас го платив целиот износ, а по купувањето имаше неколку контроли, дојдоа на лице место да проверат дали е купен тракторот, дали е регистриран. Откако сè беше потврдено, државата ми ги врати парите“, објаснува тој.

Иако е задоволен од мерката, вели дека најголемиот проблем е што прво треба сам да ги обезбедиш средствата.

„Не секој земјоделец има 8.000 евра на располагање. Најдобро би било, кога ќе се одобри проектот, државата директно да ја покрие својата обврска кон фирмата кај што се купува машината. Така не би морале да чекаме и да се заглавуваат сопствени пари“, смета Александар.

Премногу бирократија и патувања

Според него, постапката би била многу полесна ако обезбедувањето на документацијата оди преку еден центар, на пример преку ресорното министерство.

„Сè се води преку Министерството, ние сме регистрирани земјоделци, добиваме субвенции, имаме историја, не гледам зошто треба за секој документ да се оди во Скопје. Пет-шест пати патував од Струмица до Скопје за различни потврди. Тоа одзема време, трошоци и нерви“, вели тој.

Мило ми е што повеќе луѓе се охрабруваат да аплицираат на ИПАРД, вели Александар

Поттик и за други земјоделци

Неговиот позитивен пример веќе го следат и други земјоделци од Муртино и околината.

„Некои добија трактори, други добија системи капка по капка. Сите што ме прашаа, им кажав што точно треба. Мило ми е што повеќе луѓе се охрабруваат да аплицираат“, вели Александар.

Тој планира повторно да аплицира, овојпат за дополнителна механизација, и смета дека ИПАРД програмата е важна поддршка, иако има свои предизвици.

„Мерката е добра. Се чека долго, бирократијата е тешка, ама на крајот  се исплаќа“, завршува тој. (З. Ѓоргиев)

ShareTweetShare
Previous Post

СЕ ИЗДАВА стан од 80м² на „Ленинова“ спроти паркот над „Риверсофт“ во Струмица

Next Post

Струмичанец пукал со воздушна пушка кон боци со плин на бензинска станица

Related Posts

Во недела Свечена академија по повод трите јубилеи на ООУ „Св. Кирил и Методиј“ – Дабиле
Вести

Во недела Свечена академија по повод трите јубилеи на ООУ „Св. Кирил и Методиј“ – Дабиле

сабота, 6 декември, 2025 | 16:32
Младиот ликовен уметник Таше Пефќев со втора самостојна изложба на 17 декември
Вести

Младиот ликовен уметник Таше Пефќев со втора самостојна изложба на 17 декември

сабота, 6 декември, 2025 | 14:20
Средба на женски организации од Југоистокот со пратенички: Локалните предизвици од руралните средини бараат системски решенија
Вести

Средба на женски организации од Југоистокот со пратенички: Локалните предизвици од руралните средини бараат системски решенија

сабота, 6 декември, 2025 | 12:27
14 години без македонската фолк легенда Гоце Арнаудов
Вести

14 години без македонската фолк легенда Гоце Арнаудов

сабота, 6 декември, 2025 | 08:54
Општина Струмица постави професионални прочистувачи на воздух во училиштата и градинките
Вести

Општина Струмица постави професионални прочистувачи на воздух во училиштата и градинките

петок, 5 декември, 2025 | 14:39
Голем подвиг на струмичките планинари на Андите – членови на ПК „Ентузијаст“ освоија врв над 6000 метри
Вести

Голем подвиг на струмичките планинари на Андите – членови на ПК „Ентузијаст“ освоија врв над 6000 метри

петок, 5 декември, 2025 | 08:20

ТОП ВЕСТИ

Општина Струмица постави професионални прочистувачи на воздух во училиштата и градинките
Голем подвиг на струмичките планинари на Андите – членови на ПК „Ентузијаст“ освоија врв над 6000 метри
Кривична пријава за поранешниот градоначалник на Струмица, Костадинов и уште петмина за набавката на електричните автобуси

ВЕБ БИЛБОРД

СЕ ИЗДАВА стан од 80м² на „Ленинова“ спроти паркот над „Риверсофт“ во Струмица СЕ ИЗДАВА стан од 80м² на „Ленинова“ спроти паркот над „Риверсофт“ во Струмица
СЕ ИЗДАВА стан од 50м² во зградата спроти Пожарната СЕ ИЗДАВА стан од 50м² во зградата спроти Пожарната
Хотел „Студио ИН“ Струмица вработува собарка Хотел „Студио ИН“ Струмица вработува собарка
Специјалист логопед нуди логопедски прегледи и терапии во домашни услови Специјалист логопед нуди логопедски прегледи и терапии во домашни услови
Се издава наместена гарсоњера со тераса Се издава наместена гарсоњера со тераса
Рафинеријата за масло „ОСТРОГ ЛУНА“ вработува 10 работници Рафинеријата за масло „ОСТРОГ ЛУНА“ вработува 10 работници
Се продава мал двособен стан во центарот на Струмица Се продава мал двособен стан во центарот на Струмица
Поправка на сите видови фриждери, клими и комори Поправка на сите видови фриждери, клими и комори
Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар
Фирмата „Амбалажни сервис“ има потреба од работници Фирмата „Амбалажни сервис“ има потреба од работници

ВЕСТИ од Македонија

За студентите објавен е јавниот повик за доделување ваучери во вредност од 15.300 денари за набавка на електронски уреди

Забраната за движење низ шумите продолжена до 30 септември

Онлајн закажување термин за фотографирање за лични документи

НАЈАВА

Во недела Свечена академија по повод трите јубилеи на ООУ „Св. Кирил и Методиј“ – Дабиле
За четврток, претседателот Никола Маџунков ја закажа третата седница на Советот на општина Струмица
На 3 декември ќе се одржат собири на граѓани за избор на членови на советите на Урбаните и Месните заедници во општина Струмица
Денеска во Струмица – Панел дискусија: „Магијата на создавање храбри, мислечки и сочувствителни личности“ на МОН
Струмица го очекува 13. Фестивал на Источно црковно пеење – сабота, 22 ноември

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ
Адреса: „Бел камен” бр. 12
2400 Струмица, Македонија
Жиро сметка: 300030000159066
Комерцијална Банка

Радио СтрумицаНет  е членка на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), со што целосно се залага за почитувањето на етиката и професионалните стандарди во известувањето. СЕММ е тело за саморегулација во медиумите и е орган што ги разгледува и одлучува по жалбите во однос на известувањето на медиумите.

©2009-2023. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | Контакт: 074 20 50 50, е-маил: [email protected] | Создадена од: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Вести
  • Струмица
  • Василево
  • Босилово
  • Ново Село
  • Флеш вести
  • Магазин
  • Видео

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ ул : Бел камен бр 12 2400 Струмица
Жиро сметка : 30003000159066 Комерцијална Банка ©2009 - 2022

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist