понеделник, 3 ноември 2025
almak
No Result
View All Result
almak
almak
Radio StrumicaNet
No Result
View All Result
almak
almak
almak
Home Вести

Преку Донаторска акција обезбедена медицинска опрема за Кардиологија во струмичката болница

четврток, 13 јули, 2023 | 10:08
in Вести, Струмица, ТОП ВЕСТИ

Денеска во ЈЗУ Општа Болница Струмица пристигна донација во форма на медицинска опрема, сочинета од три ЕКГ апарати (еден од модел Cardioline 200S и два од модел Cardioline 100S), пет мулти-параметарски ЕКГ монитори (модел Bistos BT-750) и соодветни додатоци – специјална хартија за обезбедените ЕКГ апарати, со која Одделението за Кардиологија ја доби дополнителна опрема за дејствување во насока на навремена дијагностика и превенирање на потенцијални коронарни, кардио-васкуларни и срцеви заболувања.

„По претходна иницијатива на наши сограѓани и размена на информации, разговарано е за можноста за поддршка во доопремување на Одделот за Кардиологија со ангиографија во ЈЗУ Општа болница во Струмица, поконкретно, во насока на подобрување на капацитетите во Одделението за Кардиологија, со што ќе се овозможи подобра здравствена заштита на пациентите со срцеви проблеми и полесно функционирање на единицата за ангиографија која започна со работа пред 1 година. Би сакала јавно да ја искажам благодарноста до семејството Костадинови кои ни ја дадоа поддршката и преку донаторска акција ја обезбедија потребната опрема се со цел за унапредување на јавното здравје и во интерес на нашите пациенти од Струмица и околината. Ги охрабрувам и сите останати хумани чинители кои имаат можност, во било каква форма, да го следат овој пример и вака, да дадат придонес и поддршка на активности и проекти од интерес на заедницата во различни сфери“ – кажа д-р Катерина Кузмановска, директор на ЈЗУ Општа болница Струмица.

„Иницирани од увидената реална потреба за поддршка на капацитетите за опслужување на здравствените потреби во струмичката болница, како семејство организиравме донаторска акција во рамки на која успеавме да ја обезбедиме донираната опрема за Општата болница во Струмица. Искрено се надевам дека овој гест ќе биде показател и од вистински бенефит за Одделението за Кардиологија и за сите кои имаат потреба. Ја користам оваа прилика јавно да заблагодарам на сите добри луѓе и пријатели кои се вклучија во донаторската акција и дадоа свој придонес кон поддршка на локалниот систем за здравствена заштита и превенција од кардиоваскуларни заболувања“ – кажа Тања Костадинова Милушева.

Донираната опрема во рамки на Одделението за Кардиологија при ЈЗУ Општа болница Струмица ќе биде ставена во употреба веднаш, информираат од болницата.

ShareTweetShare
Previous Post

Поради топлотниот бран и екстремно високите температури пожарникарите апелираат на крајна претпазливост поради опасноста од појава на шумски пожари

Next Post

Во домот на 44-годишен струмичанец пронајдена марихуана

Related Posts

Кристина Зимбакова – единствената македонска уметница на Светското биенале за хартиена уметност во Шангај
Вести

Кристина Зимбакова – единствената македонска уметница на Светското биенале за хартиена уметност во Шангај

понеделник, 3 ноември, 2025 | 21:19
Д-р Тони Балџиев од струмичката болница беше дел од обуките на престижниот IRCAD тренинг центар во Стразбург
Вести

Д-р Тони Балџиев од струмичката болница беше дел од обуките на престижниот IRCAD тренинг центар во Стразбург

понеделник, 3 ноември, 2025 | 09:18
Саат кулата на струмичкиот плоштад ќе добие нов лик – Александар Филев прави мозаик
Вести

Саат кулата на струмичкиот плоштад ќе добие нов лик – Александар Филев прави мозаик

недела, 2 ноември, 2025 | 19:46
Во прекин патниот правец Струмица – Валандово на Валандовско брдо
Вести

Уште една жртва во сообраќајка во струмичко – загина 63-годишен возач на мопед

недела, 2 ноември, 2025 | 13:19
Во сообраќајка на патот Струмица – Радовиш загина 46-годишен жител на Сушево
Василево

Во сообраќајка на патот Струмица – Радовиш загина 46-годишен жител на Сушево

недела, 2 ноември, 2025 | 11:52
Жена загина во тешка сообраќајна несреќа меѓу мотоцикл и автомобил кај Владевци
Василево

АМСМ: Во прекин патниот правец Струмица – Радовиш

сабота, 1 ноември, 2025 | 17:28

ТОП ВЕСТИ

Кристина Зимбакова – единствената македонска уметница на Светското биенале за хартиена уметност во Шангај
Д-р Тони Балџиев од струмичката болница беше дел од обуките на престижниот IRCAD тренинг центар во Стразбург
Саат кулата на струмичкиот плоштад ќе добие нов лик – Александар Филев прави мозаик

ВЕБ БИЛБОРД

МЛЕКАРА ЈОКА вработува работник во производствен погон МЛЕКАРА ЈОКА вработува работник во производствен погон
МЛЕКАРА ЈОКА вработува откупувач на суровина (млеко) за реон Струмица МЛЕКАРА ЈОКА вработува откупувач на суровина (млеко) за реон Струмица
СЕ ИЗДАВА стан од 80м² на „Ленинова“ спроти паркот над „Риверсофт“ во Струмица СЕ ИЗДАВА стан од 80м² на „Ленинова“ спроти паркот над „Риверсофт“ во Струмица
СЕ ИЗДАВА стан од 50м² во зградата спроти Пожарната СЕ ИЗДАВА стан од 50м² во зградата спроти Пожарната
Хотел „Студио ИН“ Струмица вработува собарка Хотел „Студио ИН“ Струмица вработува собарка
„Power up Avtoservis“ вработува автомеханичар „Power up Avtoservis“ вработува автомеханичар
Cvejo ВРАБОТУВА! Cvejo ВРАБОТУВА!
Бутик од Струмица има потреба од работничка Бутик од Струмица има потреба од работничка
Специјалист логопед нуди логопедски прегледи и терапии во домашни услови Специјалист логопед нуди логопедски прегледи и терапии во домашни услови
МЛЕКАРА ЈОКА ВРАБОТУВА ОПЕРАТОР НА МАШИНИ ВО СТРУМИЦА МЛЕКАРА ЈОКА ВРАБОТУВА ОПЕРАТОР НА МАШИНИ ВО СТРУМИЦА

ВЕСТИ од Македонија

Забраната за движење низ шумите продолжена до 30 септември

Онлајн закажување термин за фотографирање за лични документи

Апел до граѓаните да не отвораат линкови од СМС пораки

НАЈАВА

Во сабота на струмичкиот плоштад ќе се одржи 5-от „АГРО САЕМ СТРУМИЦА 2025“
Во Скопје вечерва ќе биде отворена изложба на фотографии од Ристо Шишков
Тактичко-показна вежба – симулација на пожар и земјотрес во училиштето „Никола Карев“
Граѓанска трибина на тема: „МОЗОЧНИ УДАРИ – ризик фактори, симптоми, дијагностика и превенција“
„Здравјето на прво место – фармацевтите во служба на заедницата“ – ПЗУ аптека „ЕЛИКСИР“ организира настан

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ
Адреса: „Бел камен” бр. 12
2400 Струмица, Македонија
Жиро сметка: 300030000159066
Комерцијална Банка

Радио СтрумицаНет  е членка на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), со што целосно се залага за почитувањето на етиката и професионалните стандарди во известувањето. СЕММ е тело за саморегулација во медиумите и е орган што ги разгледува и одлучува по жалбите во однос на известувањето на медиумите.

©2009-2023. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | Контакт: 074 20 50 50, е-маил: [email protected] | Создадена од: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Вести
  • Струмица
  • Василево
  • Босилово
  • Ново Село
  • Флеш вести
  • Магазин
  • Видео

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ ул : Бел камен бр 12 2400 Струмица
Жиро сметка : 30003000159066 Комерцијална Банка ©2009 - 2022

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist