Министерството за животна средина и просторно планирање попладнево информираше дека е прекинат прагот на алармирање за аерозагадувањето во Струмица.
„Согласно податоците од Државниот автоматски мониторинг систем за квалитет на воздухот на ден 04.01.2025 година, среднодневните концентрации на РМ10 се под дефинираниот праг на алармирање од 150 мg/m³, и епизодата од два последователни денови со надминување на прагот на алармирање за РМ10 е прекината во Струмица“, соопштија од Министерството за животна средина и просторно планирање.