Од ЈПКД „Комуналец“ Струмица информираат дека настанат е дефект на трафостаницата која ги напојува Пумпните станици за Муртино и Сачево. Поради тоа прекинато е водоснабдувањето во овие населени места.
Според соопштението од комуналното претпријатие, во текот на утрешниот ден ќе се работи на отстранување на дефектот на трафостаницата која ги напојува пумпите со електрична енергија. Се додека се работи на нејзино санирање населените места Муртино и Сачево ќе бидат без водоснабдување.