недела, 1 јуни 2025
almak
No Result
View All Result
Radio StrumicaNet
No Result
View All Result
Home Вести

Пред струмичани мозаици создадени од Ѓорѓи Томовски

среда, 11 декември, 2024 | 17:46
in Вести, Струмица
Пред струмичани мозаици создадени од Ѓорѓи Томовски

На патрониот празник на градот Струмица – Светите Петнаесет Тивериополски свештеномаченици во фоајето на Центарот за култура „Антон Панов“ е поставена изложба на мозаици создадени од ликовниот уметник Ѓорѓи Томовски.

„Пред нас се делата на Ѓорѓи Томовски чија содржина е реализирана во две сликарски техники: масло и мозаик. Мозаикот е една особено сложена техника. Тоа е техника во којашто можностите за изразување и пренесување на идејата, во однос на сликарството, се посложени и ограничени. Тој се служи главно со природен камен, низ кој како акцент провејува венецијанско мозаичко стакло – смалти. За успешно да ги сплоти идејата и ликовноста, Томовски користи материјали и постапки кои отскокнуваат од класичните мозаички техники. Во неговите мозаици се гледа цизелирано сплотување на камчињата и умешно воден цртеж врз обоената подлога. Благодарајќи на овој опит, тој го преточува во мозаик нашето културно наследство и искуството на македонските занаетчии чиишто ракотворби: пафти, појаси, килими и друго, на своевиден начин ги транскрибира и мајсторски ги реализира. Кон овие мотиви се надоврзуваат и неговите најнови зафати во апстрахирањето на старите словенски букви“ – кажа професорот Газанфер Бајрам, кој ја отвори изложбата на мозаици во Струмица.

Оваа изложба е во пресрет на големиот јубилеј – 20 години творештво на уметникот Ѓорѓи Томовски, кој во новата 2025 година ќе ја одбележува со караван од серија на изложби, а неслучајно караванот го почнува од Струмица, бидејќи како што кажа Томовски, 20 години е присутен на меѓународната Струмичка ликовна колонија, почетоците ги направил токму во Струмица.

„Оттука потекнува се, и за мене ова е интимна врска и еден поттик голем од тука да го почнам караванот со изложби низ Македонија по повод мојот 20-годишен јубилеј. Задоволство ми е и што изложбата ја отворам на денот на празникот на градот Струмица – 11 декември“, кажа авторот Ѓорѓи Томовски.

Томовски пред струмичката публика претставува 40 мозаици, кои во наредните десеттина дена ќе можат да се видат во фоајето на Центарот за култура „Антон Панов“ во Струмица.

ФОТОГАЛЕРИЈА

ShareTweetShare
Previous Post

Костадинов: Стана непишано правило да не ги сакаме успешните луѓе и да се апстрахираме од оние кои во лице ни ја кажуваат вистината

Next Post

Новогодишната бајка во Струмица почна – светна празничното украсување на градот

Related Posts

Филипче од Струмица: Младите луѓе во нашата земја, не заслужуваат ваква Влада
Вести

Филипче од Струмица: Младите луѓе во нашата земја, не заслужуваат ваква Влада

сабота, 31 мај, 2025 | 21:22
Одбојкарките на македонската репрезентација во Струмица славеа убедлива победа против репрезентацијата на Луксембург
Вести

Одбојкарките на македонската репрезентација во Струмица славеа убедлива победа против репрезентацијата на Луксембург

сабота, 31 мај, 2025 | 12:10
Млади гитаристи од Струмица се дел од 16-от Фестивал за гитара во Крушево
Вести

Млади гитаристи од Струмица се дел од 16-от Фестивал за гитара во Крушево

сабота, 31 мај, 2025 | 11:32
На денешен ден пред 11 години почина првенката на струмичкиот театар Зора Ѓоргиева
Вести

На денешен ден пред 11 години почина првенката на струмичкиот театар Зора Ѓоргиева

сабота, 31 мај, 2025 | 09:41
ВМРО-ДПМНЕ реагира на изјавите на градоначалникот Костадинов за новиот ГУП
Вести

ВМРО-ДПМНЕ ги објави кандидатите за три општини во струмичкиот регион, за Струмица сé уште не одлучиле

среда, 28 мај, 2025 | 22:49
Приведен крадец во Струмица, украденото вратено на сопственичката
Вести

МВР информира за групна тепачка во селото Банско

среда, 28 мај, 2025 | 16:09

ТОП ВЕСТИ

Првата награда на Фолк Фест „Валандово 2025“ за Сузана Гавазова и Љубчо Ѓоргиев и песната „Љубовта да расцути“
И покрај дождот се одржа хуманитарната иницијатива „Сите за Кочани – Трчаме заедно“ – 150 граѓани трчаа низ струмичките улици
По повод денот на сесловенските браќа Кирил и Методиј, Општина Струмица додели 15 плакети и признанија на најдобрите просветни работници

ВЕБ БИЛБОРД

Се продава мал двособен стан во центарот на Струмица Се продава мал двособен стан во центарот на Струмица
Поправка на сите видови фриждери, клими и комори Поправка на сите видови фриждери, клими и комори
Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар
Фирмата „Амбалажни сервис“ има потреба од работници Фирмата „Амбалажни сервис“ има потреба од работници
Се издава деловен простор – дуќан во самиот центар на Струмица Се издава деловен простор – дуќан во самиот центар на Струмица
Се изнајмува угостителски објект за прослави и презентации Се изнајмува угостителски објект за прослави и презентации
СЕ ПРОДАВА стара куќа во Струмица кај „монополот“ СЕ ПРОДАВА стара куќа во Струмица кај „монополот“
СЕ ПРОДАВА деловен простор во Струмица – „мало стопанство“ СЕ ПРОДАВА деловен простор во Струмица – „мало стопанство“
Во Стар Дојран СЕ ПРОДАВА вселива куќа со 2 апартмани Во Стар Дојран СЕ ПРОДАВА вселива куќа со 2 апартмани

ВЕСТИ од Македонија

Успешно завршен на проектот „Комуникациски вештини за иднината“ финансиран од програмата Еразмус+

Eпископот Стојанов ги извести сите католички парохии и монашки заедници во Македонија по повод упокојувањето на папата

Почина папата Франциск

НАЈАВА

КНИЖЕВНА ВЕЧЕР со Жарко Милениќ
Во среда во Струмица ќе биде прикажан филмот „Невидливиот гостин“
Во среда од 20:00 часот на струмичкиот плоштад – Хуманитарен концерт
Во недела посебен режим на сообраќај во Струмица за време на трката „Сите за Кочани – Трчаме заедно“
Во сабота во „Рекорд Паб“ – Хуманитарен настан за помош на настраданите од трагедијата во Кочани

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ
Адреса: „Бел камен” бр. 12
2400 Струмица, Македонија
Жиро сметка: 300030000159066
Комерцијална Банка

Радио СтрумицаНет  е членка на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), со што целосно се залага за почитувањето на етиката и професионалните стандарди во известувањето. СЕММ е тело за саморегулација во медиумите и е орган што ги разгледува и одлучува по жалбите во однос на известувањето на медиумите.

©2009-2023. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | Контакт: 074 20 50 50, е-маил: [email protected] | Создадена од: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Вести
  • Струмица
  • Василево
  • Босилово
  • Ново Село
  • Флеш вести
  • Магазин
  • Видео

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ ул : Бел камен бр 12 2400 Струмица
Жиро сметка : 30003000159066 Комерцијална Банка ©2009 - 2022

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist