На големата сцена во Центарот за култура „Антон Панов“ во Струмица на 18 декември (среда) од 19:00 часот ќе се одржи Предновогодишен џез-концерт на Врачанскиот симфониски оркестар од Враца, Бугарија.
Ретка можност да се чујат популарни џез-композиции, но и познати класични дела од композитори како Феликс Менделсон, Франц Шуберт, Жил Масне, Цезар Франк, Ј.С. Бах, Шарл Гуно, Франц Грубер, а во изведба на солистите Васил Петров, Зорница Иларионова – виолина и Тања Лазарова – сопран, а под диригентската палка на Христо Павлов.
Влезот е слободен, но заинтересираните треба задолжително да си ја подигнат бесплатната влезница на билетарницата на НУЦК „Антон Панов“ Струмица.