Вечерва во 01 часот и 10 минути од Новата 2024 година во Струмица се роди првото новороденче. Машко е, а на свет го донесе мајката Љубинка Терзиева од Струмица, со тежина од 3.350 грама. Породувањето е извршено со царски рез на Одделението за Гинекологија и Акушерство при ЈЗУ „Општа Болница“, а ова е второ дете на мајката Љубинка Терзиева.