Првото родено бебе во Струмица кое денеска во 11:30 часот на свет го донесе мајката Ани Ристова од Еднокуќево, а ќе го носи името Дона, доби штедната книшка со 40.000 денари од Општина Струмица.
Попладнево во посета на мајката и бебето во Одделението за гинекологија и акушерство во струмичката болница беше советничката и заменик градоначалник, Елена Маѓеровска Паликарова која на мајката и бебето од име на градоначалникот и Општина Струмица им ја предаде штедната книшка.