„Кога јас бев првооделенец бев исклучително горд, среќен и желен за нови знаења. Бидете такви и вие. Бидете послушни и вредни во совладувањето на нови знаења, бидете позитивни и со задоволство ширете го другарството меѓу вас, оти другарството е едно големо и непроценливо богатство. Само така ќе успеете да чекорите по вашиот вистинскиот пат во образованието. Само така ќе успеете да станете луѓе за пример и почит“, им кажа градоначалникот на општина Струмица, Костадин Костадинов на првачињата од основните училишта на територијата на општина Струмица кои денеска беа во Центарот за култура „Антон Панов“ да ја следат театарската претстава „Пат околу светот“, а по повод започнувањето на нивното деветгодишно основно образование.
Градоначалникот Костадинов на првачињата им посака успех во совладувањето на знаења и вештини и од име на општината сите деца добија подароци.