Пратеникот од Движењето ЗНАМ – за Наша Македонија, Миле Цеков од Струмица денеска до Владата го поднел најавеното барање/иницијатива Планината Беласица да биде прогласена за заштитено подрачје.
Како што информираше Цеков барањето е потпишано од пратеничката група на ЗНАМ, но и други пратеници на кои им се заблагодарува за поддршката.
„Беласица не е само планина, таа е нашето природно наследство, извор на живот и гордост за целиот регион! Оваа борба е за чист воздух, за бистрите води, за шумите што исчезнуваат и за иднината на нашите деца. Ако не ја заштитиме сега, утре ќе биде предоцна“, вели пратеникот Цеков.