Во големото струмичко дерби меѓу двете до сега непоразени струмички екипи во рамките на 7-то коло од домашното одбојкарско првенство во женска конкуренција, екипата на „Струмица жени“ славеше „на гости“ против лидерот „Наковски Волеј“ со 3:1 и успеа да го преземе врвот на табелата.
По 7 кола „Струмица жени“ сега е единствената екипа без пораз со скор од 7-0, додека втори се „Наковски Волеј“ со скор од 6-1.