После 50 години Одделението за Педијатрија при ЈЗУ „Општа болница“ во Струмица, кое функционираше во крајно лоши услови, конечно се реновира.
Комплетно е променета старата столарија, подот во болничките соби, обезбедени нови болнички кревети, натказни, создаден е простор за игра на дечињата.
Од ЈЗУ „Општа болница“ во Струмица најавуваат дека во наредниот период ќе се направи комплетна реконструкција на санитарниот чвор за пациентите, како и просторија за интензивно лекување.
Во моментот Одделението за Педијатрија функционира со новите простории од дневна болница и амбуланта на приземје, како и дел од болничкиот оддел.
ЈЗУ „Општа болница“ Струмица упати јавна благодарност до сите кои ја помогна реконструкцијата на Одделението за Педијатрија, до Фондацијата „ЗАЕВ – Едно општество за сите“, Мајстор Ештреф Арифи, „Јавор Шпед“, „Хипокс“ Виница и Фидан Колев.