Во организација на ОК „Наковски Волеј“ во сабота, 30 септември во Спортската сала на СОУ „Димитар Влахов“ во Струмица по 4-ти пат ќе се одржи Меморијален турнир во одбојка во женска конкуренција „Илија Караманов 2023“.
Почетокот е закажан за во 11:00 часот, а на турнирот ќе учествуваат екипите на ОК „Наковски Волеј“ Струмица, ОК „Работнички Скопје“ и ОК „Младост УГД“ Штип.
„Струмица нема да го заборави поранешниот одбојкар, тренер и професор Илија Караманов. Во духот на спортскиот дух, со квалитетна одбојка и со вас – публиката ќе му оддадеме почит на нашиот сограѓанин кој даде несебичен придонес во одбојката“, велат организаторите во поканата до сите љубители на одбојката кои сакат да ги следат натпреварите.