Иако на 26 март во големата еколошка акција „Чисти ридови за сите“ беа исчистени повеќе диви депонии на ридовите во струмичкиот регион, и по десет дена од акцијата повторно на патот кон Царевите кули над Струмица несовесни граѓани создадоа пак депонија, фрлајќи разновиден отпад.
Од ЈПКД „Комуналец“ Струмица реагираат дека некои несовесни граѓани безмилосно го истураат отпадот насекаде, уништувајќи ја животната средина.
„Со тоа ја поништуваат нашата работа и ангажманот на многу групи и здруженија кои работат за почиста животна средина. Да престанеме да фрламе ѓубре насекаде за да имаме почиста општина“, апелираат од струмичкото комунално претпријатие.
Денеска екипи на ЈПКД „Комуналец“ повторно го исчистија просторот со отпад на патот кон археолошкиот локалитет Цареви кули. Тие ги информираат граѓаните дека подигање на отпадот можат да пријават на телефонскиот број 13-110, по што отпадот ќе биде соберен.
Еколошките ативисти велат дека создавањето на мини депонии од страна на несовесните граѓани ја груби општата перцепција за тоа како треба да се однесуваме кон средината во која живееме.