Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, утрово 7 јануари 2025 година во 07:23 часот регистрираше земјотрес чиј епицентар се наоѓа 130 километри југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда од 2.2 степени.
Податоците на Европскиот медитерански сеизмолошки центар (ЕМСЦ) покажуваат дека потресот бил на длабочина од 7 километри, а епицентарот на 20 километри јужно од Струмица.