Утрово во 04:13 часот земјотрес со јачина од 3.6 степени е почуствуван во струмичко-валандовскиот регион. Епицентарот бил на 13 километри од Струмица.
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, регистрираше земјотрес чиј епицентар потекнува од епицентралното подрачје Валадово, на 125 км југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда ML3.6.