И годинава во организација на Општина Босилово од 14 август до 15 септември по трет пат ќе се одржи манифестацијата „Босилово Културно лето“.
Првиот настан на 14 август од 20:30 часот на летната сцена во Босилово е најаван како „Музика за сите генерации“ на кој ќе настапат познати естрадни уметници од струмичкиот регион: Александра Јанева, Теодора Сретеновиќ, Љубомир Митровски, Јовче Пандев, Иван Кукиќ, „YU FOR YOU“ и „Ретроманија“.
Според најавата тие ќе одржат концерт со македонска забавна музика, како и познати странски мелодии од бившите ЈУ простори, или како што најавуваат музичарите „музика за сечиј вкус и за сите генерации“.