Осум екипи, по четири во машка и во женска конкуренција од денеска до сабота ќе се надигруваат за пехарот во Купот на Македонија. Завршниот турнир ќе биде одржан во салата „25-ти Мај“ во Радовиш, а тридневната програма ќе почне со полуфиналните пресметки кај одбојкарите.
Бранителот на ланскиот пехар, тимот на „Струмица Никоб“, е апсолутен фаворит против „Универизтет во Тетово“, а ГОК „Борец“ ќе се обиде против „Шкендија“ во дуелот на трето и второпласираната екипа од шампионатот.
Петокот е резервиран за дамите, а во нивното друштво „Работнички Скопје“ ќе сервира со надеж да го повтори минатогодишното остварување од Кавадарци. Дербито во полуфиналето е меѓу „Јанта Волеј“ и „Работнички Скопје“, а струмичкиот „Наковски Волеј“ ја носи фаворитската улога против „Вардар жени“.
Финалните натпревари се предвидени за во сабота, најпрво машкото во 13:00 часот, а потоа и женското од 16:00 часот.