Денеска (среда, 16 октомври) од 17:00 часот во просториите на Младинскиот центар во општинската зграда ќе се одржи првата Форумска сесија која е во реализација на програмата Форуми во заедницата – Буџетски форум во Општина Струмица 2024/2025 година.
Целта на форумите во заедницата е да се зголеми учеството на граѓаните во процесот на креирање и реализација на Буџетот на општината и зголемување на транспаретноста на општината.
На првата форумска сесија граѓаните ќе имаат можност да се запознаат со процесот на буџетирање, структура на Буџетот на општина Струмица, буџетски календар и планираните приоритети за развој за 2025 година и да учествуваат во избор на приоритетна програма/проекти за реализација од Буџетот на општина Струмица за 2025 година.
Од Општина Струмица поканата до струмичани за присуство и активно учество со што ќе се придонесе за успешно спроведување и реализација на Форумот во заедицата – Буџетски форум во Општина Струмица 2024/2025 година.