Крак Иловица, крак Штука, улица од Штука кон Иловица и Еднокуќево спој со А4, се дел од Проектот за поврзување на локални патишта на Министерството за транспорт и врски, кој денеска почнува да се реализа.
Градоначалникот на општина Босилово, Ристо Манчев информираше дека од денеска почнуваат активностите за реализација на овој проект.
„На задоволство на граѓаните на Иловица и Штука, конечно денеска беше извршено воведување во градежните работи за реконструкција на крак Иловица и Штука. После Велигденските празници машините ќе започнат со градежните активности“, кажа градоначалникот Манчев.