Позитивни, насмеани, разиграни дваесеттина дами се дел од возобновеното Културно-уметничко друштво „Боро Џони“. Центарот за култура „Антон Панов“ од Струмица го возобнови некогашното Културно-уметничко друштво кое функционираше до пред 20 години и беше дел од оваа институција.
Првите проби веќе се случуваат во просториите на Центарот за култура, а со оваа играорно друштво раководи Васил Пандев. Тој е и кореограф на традиционалните македонски игри во изведба на членовите, чија мисија ќе биде да го негуваат фолклорот.
Засега се пријавени само дами, но Пандев очекува во друштвото да се пријават и мажи кои имаат желба да играат традиционални македонски ора. Пријавувањето е отворено за сите во просториите на Центарот за култура „Антон Панов“ во Струмица.
КУД „Боро Џони“ беше место каде што се изучуваше, презентираше и негуваше македонскиот фолклор, народните обичаи и традиција и бил конкретен пример каков бил третманот на градот Струмица кон културата и уметничките форми на изразување.