вторник, 9 септември 2025
almak
No Result
View All Result
Radio StrumicaNet
No Result
View All Result
Home Вести

Почна реконструкцијата на храмот „Свети Кирил и Методиј“ во Струмица

вторник, 16 јули, 2024 | 12:27
in Вести, Струмица
Почна реконструкцијата на храмот „Свети Кирил и Методиј“ во Струмица
Почна реконструкцијата на храмот „Свети Кирил и Методиј“ во Струмица
Почна реконструкцијата на храмот „Свети Кирил и Методиј“ во Струмица
Почна реконструкцијата на храмот „Свети Кирил и Методиј“ во Струмица
Почна реконструкцијата на храмот „Свети Кирил и Методиј“ во Струмица
Почна реконструкцијата на храмот „Свети Кирил и Методиј“ во Струмица

По неколкумесечни подготовки почна реконструкцијата на храмот „Свети Кирил и Методиј“ во Струмица. Струмичката Православна Епархија во март годинава најави дека самостојно и со помош на донации ќе почне со градежниот зафат, откако претходно неколкупати проектот за реконструкција на храмот беше одбиван од Министерството за култура, под чија заштита се наоѓа и самиот објект.

„Неколкуте неуспешни обиди да добиеме финансиски средства од Министерството за култура, под чија надлежност е грижата за самиот објект, не ни остави простор освен самите ние да го заштитиме она што е неразделив дел од сите нас. Откако не ни беа одобрени финансиски средства ниту за изработка на проект, целокупната документација за овој реконструктивно – градежен зафат ја изработи градежната компанија „Жикол“ во соработка со стручните лица од НУ Завод и Музеј Струмица, давајќи ја како дар за Црквата“, истакнаа тогаш од Струмичката Православна Епархија.

Црквата е стара повеќе од 100 години. Во моментов се наоѓа во лоша состојба, со распукани куполи, полуразрушена фасада, под опасност да се распадне при неповолни временски услови. Истовремено, пропусливоста на куполите веќе нанесе штета врз фреските, а коровот и мувлата запоседнуваат во и со просторот.

Во првата етапа од реконструкцијата ќе се работи надворешниот дел, а во втората етапа акцентот ќе биде ставен на ентериерното уредување на просторот, велат од Струмичката Епархија, додавајќи дека сите заинтересирани граѓани кои сакаат, може да се вклучат во кампањата за донации.

Жиро сметка: 300030000110760

Комерцијална Банка АД Скопје

Цел на дознака: Донација за храмот „Св. Кирил и Методиј“.

ShareTweetShare
Previous Post

На планината Огражден – Крајниот северозападен крак на пожарот речиси целосно е ликвидиран и во моментов се работи на југозападниот крак

Next Post

Пожарот на планината Огражден сé уште активен, денеска се гасне со помош на српски и турски хеликоптери

Related Posts

Александра Јанева со нова верзија на безвременската „Ми подаваш рака” од Даниела Панчетовиќ
Вести

Александра Јанева со нова верзија на безвременската „Ми подаваш рака” од Даниела Панчетовиќ

вторник, 9 септември, 2025 | 12:13
Стартува 33-то издание на ФКТ „Ристо Шишков“
Вести

Почна 33-то издание на ФКТ „Ристо Шишков“

вторник, 9 септември, 2025 | 08:09
Даскаловски: Независноста не е завршен чин, туку трајна обврска
Вести

Даскаловски: Независноста не е завршен чин, туку трајна обврска

понеделник, 8 септември, 2025 | 18:31
Вести

Приведен струмичанец кај него пронајдена марихуана

понеделник, 8 септември, 2025 | 14:38
Нека ни е честит Денот на независноста
Вести

Нека ни е честит Денот на независноста

понеделник, 8 септември, 2025 | 08:06
Вработените во „Паркиралишта Струмица“ си ја добија заостанатата плата
Вести

Вработените во „Паркиралишта Струмица“ си ја добија заостанатата плата

сабота, 6 септември, 2025 | 16:47

ТОП ВЕСТИ

Почна 33-то издание на ФКТ „Ристо Шишков“
Даскаловски: Независноста не е завршен чин, туку трајна обврска
Никола Маџиров лауреат на 17-та меѓународна награда за поезија „Поезија и луѓе“ во кинескиот град Гуангџоу

ВЕБ БИЛБОРД

Бутик од Струмица има потреба од работничка Бутик од Струмица има потреба од работничка
Специјалист логопед нуди логопедски прегледи и терапии во домашни услови Специјалист логопед нуди логопедски прегледи и терапии во домашни услови
МЛЕКАРА ЈОКА ВРАБОТУВА ОПЕРАТОР НА МАШИНИ ВО СТРУМИЦА МЛЕКАРА ЈОКА ВРАБОТУВА ОПЕРАТОР НА МАШИНИ ВО СТРУМИЦА
Млекара ЈОКА вработува! Млекара ЈОКА вработува!
Се издава наместена гарсоњера со тераса Се издава наместена гарсоњера со тераса
Рафинеријата за масло „ОСТРОГ ЛУНА“ вработува 10 работници Рафинеријата за масло „ОСТРОГ ЛУНА“ вработува 10 работници
Се продава мал двособен стан во центарот на Струмица Се продава мал двособен стан во центарот на Струмица
Поправка на сите видови фриждери, клими и комори Поправка на сите видови фриждери, клими и комори
Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар
Фирмата „Амбалажни сервис“ има потреба од работници Фирмата „Амбалажни сервис“ има потреба од работници

ВЕСТИ од Македонија

Забраната за движење низ шумите продолжена до 30 септември

Онлајн закажување термин за фотографирање за лични документи

Апел до граѓаните да не отвораат линкови од СМС пораки

НАЈАВА

Репертоар на 33. ФКТ „Ристо Шишков“ од 8 до 13 септември
На 3-ти септември хуманитарен концерт за помош на малата Тијана
Пазарот во Ново Село наместо во четврток ќе биде отворен во среда
Во вторник премиера на „Стјуардеси“ – парите од продажбата на билети ќе бидат донирани за 9-годишната Тијана
Вечерва „финале со мозаик од емоции“ – Завршува 14-то издание на „Струмица Опен Фестивал“

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ
Адреса: „Бел камен” бр. 12
2400 Струмица, Македонија
Жиро сметка: 300030000159066
Комерцијална Банка

Радио СтрумицаНет  е членка на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), со што целосно се залага за почитувањето на етиката и професионалните стандарди во известувањето. СЕММ е тело за саморегулација во медиумите и е орган што ги разгледува и одлучува по жалбите во однос на известувањето на медиумите.

©2009-2023. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | Контакт: 074 20 50 50, е-маил: [email protected] | Создадена од: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Вести
  • Струмица
  • Василево
  • Босилово
  • Ново Село
  • Флеш вести
  • Магазин
  • Видео

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ ул : Бел камен бр 12 2400 Струмица
Жиро сметка : 30003000159066 Комерцијална Банка ©2009 - 2022

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist