Денеска на 53-годишна возраст по кратко боледување почина професорката по математика во струмичката гимназија, Драгица Стамболиска.
„Ќе ја паметиме како една од најплеменитите, најхуманите и најпозитивните колешки која пленеше со својата блага насмевка и човечност, и ширеше добрина меѓу вработените и учениците“ – напишаа во прошталната порака на социјалните мрежи вработените во СОУ „Јане Сандански“.
По повод смртта на професорката Стамболиска, утре (вторник, 20 август) во 09:00 часот во салата за состаноци на СОУ „Јане Сандански“ во Струмица ќе се одржи Комеморативна седница.
Посмртните останки ќе бидат изложени утре во Градската капела на гробиштата во Струмица од 13:00 до 14:00 часот, а погребот ќе биде извршен во 14:00 часот.