Најпознатиот македонски кларинетист и саксофонист и крал на ромската музика, Ферус Мустафов, почина синоќа по кратко боледување на 72-годишна возраст. Ферус имаше мозочен удар на 26 април и оттогаш се наоѓаше во болницата „8 Септември“ во Скопје.
Ферус е роден на 20 декември 1950 година во Штип во ромско семејство на музичари. Тој имаше богата кариера со голем број настапи низ целиот свет и остави големо музичко наследство.
 
 
                                 
 
 
		    
 
                                











 
	 
	 
	 
	 
	 
	 
	 
	 
	 
	


















 
								