Еден ден по завршувањето на прославата и забавата по повод 8 Март во струмичките угостителски објекти, на неколку локации во Струмица поставени се урбани инсталации и постери со пораки за правата на жените.
Целта на овие урбани акции е насочена кон подигање на свеста кај целокупната јавност за женските права и слободи.
Пораките имаат за цел да ги поттикнат и локалните власти да преземат мерки за унапредување на родовата еднаквост, преку поголема вклученост на жените, девојките и граѓанските организации кои работат во областа на женските права во процесите на развој на локалните политики и во процесите на одлучување.
Акцијата ја спроведоа Центарот за современа уметност од Скопје и Организацијата на жени од Струмица.
 
  
  
  
  
  
  
  
 
 
 
                                 
 
 
		    
 
                                











 
	 
	 
	 
	 
	 
	 
	 
	 
	 
	


















 
								